Просечната плата во декември зголемена на 21.449 денари

Bez autora
Feb 27 2013

Просечната нето исплатена плата во декември во Македонија изнесувала 21.469 денари, што претставува благ пораст и на месечно и на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во средата, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2012 година се зголемил за 0,3 отсто декември 2011 година, кога просечната плата изнесувала 21 415 денари. Уште поголемо зголемување на платата има на месечно ниво, со оглед на тоа што просечната плата во ноември 2012 година изнесувала 20 857 денари. Зголемување на платата на годишно ниво се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%), Информации и комуникации (3.8%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.5%).

Просечната плата во декември зголемена на 21.449 денариПросечната нето исплатена плата во декември во Македонија изнесувала 21.469 денари, што претставува благ пораст и на месечно и на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во средата, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2012 година се зголемил за 0,3 отсто декември 2011 година, кога просечната плата изнесувала 21 415 денари.

Уште поголемо зголемување на платата има на месечно ниво, со оглед на тоа што просечната плата во ноември 2012 година изнесувала 20 857 денари.

Зголемување на платата на годишно ниво се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%), Информации и комуникации (3.8%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (45.8%), Трговија на големи и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.9%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2012 изнесува 31 466 денари. Во декември 2012 година, 2,1 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik